Верифицирано

Нападната студентка поради национална припадност и верско уверување

14:00 Feb 23 2017 н. Центар, Скопје

Опис
Во 16ч. на Плоштад Македонија во Скопје, од група на машки лица физички и вербално била нападната девојка, студентка на Правниот факултет Јустинијан I, која носeла марама на главата.

Напаѓачите се обиделе да и ја извлечат марамата од глава, нарекувајќи ја „терорист", „гнасна шиптарка" и велејќи и „мрш во Арабија".

На местото на настанот неколку граѓани ја предупредиле групата, по што нејзините членови веднаш се разбегале.

Случајот е пријавен во полиција и во Хелсиншкиот комитет од страна на познаничка на студентката.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Сериозна закана,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 1