Верифицирано

Повредени младиници по инцидент поради етничка припадност

19:00 Feb 28 2017 н Центар, Скопје

Повредени младиници по инцидент поради етничка припадност
Опис
Две лица се провредени во тепачка што вечерва се случи во строгиот центар на Скопје. Околу 19 часот попладнево на автобуската станица кај Народна банка се степале две групи при што повредени се лицата со иницијали Ф. П. од село Бразда и К. П. од Сопиште.

„Вечерва околу 19 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ на автобуската станица пред Народна банка дошло до нарушување на јавниот ред и мир меѓу две групи, при што е повреден С.П. од Бразда, роден 2000та. Тој е згрижен во Клиничкиот центар со повреди во предниот дел на главата. Подоцна, во Ургентниот центар е донесен и К. П. роден 1999 од Сопиште. Работиме на расчистување на случајот за што навремено ќе бидете информирани“ - велат од МВР.

Едниот од повредените е 17 годишен а додека другиот е 19 годишен.

Екипата на ТВ 24 во моментот на инцидентот била присутна на местото каде забележала присуство на возило на итната медицинска помош, како и полиција која не дозволувала пристап на екипата до самото место.

Од МВР го потврдуваат настанот, а се уште не се знае за мотивот на тепачката. Неофицијално се дознава дека во физичката пресметка повреден е синот на еден од градоначалниците на една скопска општина.

Според новинарката на Ал Џезира Балкан - Милка Смилевска инцидентот е сторен од страна на припадници на албанската заедница, како одмазда за инцидентот со физичкиот и вербален напад над студентка Албанка на Плоштадот Македонија во Скопје (http://www.zlostorstvaodomraza.com/reports/view/377). Таа информацијата ја добила лично во Ургентниот центар Скопје.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Група нападнала малолетник во автобус бр. 58 на ЈСП

13:07 Feb 28, 2017

н. Центар, Скопје, 0.02 Kms

Претепани двајца средношколци

20:00 Oct 02, 2015

н. Центар, Скопје, 0.05 Kms

Нападнат малолетник кај Транспортен центар

18:35 Mar 01, 2017

Центар, Скопје, 0.14 Kms

Масовна тепачка на младинци во центарот на Скопје

13:01 Feb 14, 2014

н. Центар, Скопје, 0.15 Kms