Верифицирано

Албанци претепани во населба Аеродром

01:58 Jul 10 2013 Скопје

Албанци претепани во населба Аеродром Албанци претепани во населба Аеродром
Опис
Две момчиња-Албанци од населбата Сарај брутално се претепани од група хулигани во автобус со бројот 5 во скопската населба Аеродром. Двајцата 19-годишници биле нападнати од четворица вооружени со безбол палки. Според полицијата, тепачката се случила без особена причина. По сторителите се трага.

„Во 18 часот во Скопје на бул. „Јане Сандански“, кај ТЦ „Бисер“, додека И.Х. (19) од с.Сарај и неговиот другар А.С. се качувале во автобус на ЈСП бр.5, биле физички нападнати од четири непознати лица, удирајќи ги со безбол палки по главите и телата, нанесувајќи им видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите“ , пишува во соопштението од МВР.

Едно од момчињата има потешка повреда на черепот поради што е задржано на болничко лекување. Синоќешната тепачка не е прва ваква, особено не во Аеродром.

Иако ваквите настани се повторуваат и во други скопски населби, од полицијата не се произнесуваат за ваквиот феномен. Според МВР, досега не се најдени виновниците за ниту една тепачка во која се нападнати Албанци, со објаснување дека се работи на откривање на сторителите.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Тепачка во Аеродром

21:07 Mar 11, 2018

Aerodrom, Skopje 1000, Macedonia (FYROM), 0.06 Kms

Напад со нож во Аеродром

22:49 Apr 02, 2014

н. Аеродром, Скопје, 0.08 Kms

Каменуван штаб на СДСМ во Аеродром

20:00 Mar 22, 2017

н. Аеродром, Скопје, 0.27 Kms

Штаб на СДСМ измачкан со измет

01:45 Sep 25, 2017

н. Аеродром, Скопје, 0.31 Kms