Верифицирано

Физички напад поради сексуална ориентација

23:20 Aug 22 2013 Тетово

Опис
На ден 22 август 2013 година околу 23:30 часот во бурекџилницата „Житен клас“, на ул. Љубо Божиноски-Пиш во Тетово (спроти Спортскиот центар) бев нападнат од непознато лице поради мојата сексуална ориентација (геј маж) при што ми беа нанесени телесни повреди. Се обидов да избегам, но нападот продолжи додека трчав кон ул. Благоја Тоска. Случајот го пријавив во полиција од каде 4 дена по ред ми велеа „дојди утре“. Ги слушнав како коментираат меѓу себе дека сум педер. По нападот извадив и лекарски наод кој го заедно со барањето за бесплатна правна помош го доставив до Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во бурекџилницата имаше и видео камера па според тоа сторителите може лесно да се идентификуваат.
Повеќе податоци
Вие сте: Жртва
Локација: Улица
Пријавивте ли во полиција?: да
Дали сте задоволни од односот на полицијата?: Воопшто не сме задоволни
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори): Не направија ништо
Дали во истата средина имало слични инциденти/кривични дела?: Не знам

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0